Достапни линкови

Косово: партиите треба да го избришат зборот „Метохија“ од името


Политичките партии кои во името содржат зборови спротивни на косовскиот Устав, како што е зборот Метохија, според новиот изборен закон нема да можат да се регистрираат, објави приштинскиот весник „Експрес“. Шефот на Комисијата за реформа на изборниот систем, Хаки Демоли изјави дека на тој начин се бара почитување на Уставот бидејќи името Косово и Метохија за територијата на Косово е противуставно.
Меѓу партиите со спорни имиња се Српската косовско-метохиска партија и Српската демократска партија на Косово и Метохија.
XS
SM
MD
LG