Достапни линкови

БиХ го почна дијалогот на високо ниво со ЕУ


БиХ вчера во Брисел го отвори дијалогот на високо ниво за процесот на пристапување кон ЕУ. Еврокомесарот за проширување Штефан Филе, на чија покана почна дијалогот, изјави дека БиХ има јасна европска перспектива и го поздрави неодамнешното усвојување на неколку закони, што според него претставува вистински пат во напредувањето на БиХ кон европските интеграции. Тој ја нагласи важноста од нивно успешно спроведување во иднина.
Филе им ја врачи на босанско-херцеговските челници Мапата на патот, што би можело да им овозможи на властите во Сараево до крајот на годинава да поднесат барање за членство во ЕУ.
XS
SM
MD
LG