Достапни линкови

logo-print

Иран: странците виновни за кризата во Сирија


Мохамед Казаи

Мохамед Казаи

Иранскиот амбасадор во ОН Мохамед Казаи ги обвини странците за крвопролевањата во Сирија и ја негира иранската улога во таа земја. Тој изјави дека Иран е подготвен да игра улога во наоѓањето решение за кризата во Сирија. Неговиот коментар доаѓа откако меѓународниот посредник за Сирија Кофи Анан свика состанок за кризата во таа земја, што ќе биде одржан в сабота во Женева. Анан рече дека на состанокот ќе учествуваат петте постојани членки на Советот за безбедност на ОН, соседите на Сирија- Турција и Ирак, како и Кувајт и Катар, но не го спомна Иран.
Казаи изјави дека со непоканувањето на Техеран, Западот ја омаловажил Сирија.
XS
SM
MD
LG