Достапни линкови

Времето денеска сончево и потопло


Времето во Македонија ќе биде сончево и малку потопло. Локално ќе има мала облачност, а ќе дува и слаб до умерен северен ветер, особено долж Повардарието.
Утринската температура се движи од девет до 17, а дневната ќе биде од 26 до 32 степена.
Во Скопје и околината времето ќе биде сончево со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 31 степен.
Следува период на претежно стабилно и топло време со повторен пораст на температурата, а за време на викендот можна е изолирана појава на краткотраен дожд со грмежи.
XS
SM
MD
LG