Достапни линкови

Зошто Германија го спасува Еврото?


Зошто Германија ќе плати за да го спаси еврото. Ова е насловот во Њујорк Тајмс кој се осврнува на кризата во Еврозоната и посебно на прашањето дали Германија може да со дозволи да остане без европската валута? Како и да e, иднината на еврозоната се очекува да биде топ тема на дводневниот самит на ЕУ што почнува денеска во Брисел.

Судејки по изјавите од Германија во изминативе неколку недели, се добива впечаток дека нема спас за Еврото, пишува Њујорк Тајмс. Германската канцеларка Ангела Меркел смета дека предлозите за кумулирање на долговите во Еврозоната се контрапродуктивни и изјави дека Германија нема вечна сила.
За секое германско не на било каков предлог за сериозно решавање на проблемите, германската влада е свесна дека ќе мора да го отвори паричникот со цел да ја спаси единствената валута.

Германските гласачи се уште поскептични од нивните лидери околу финансирањето на нивните, како што ги нарекуваат, мрзливи и блудни соседи, пишува медиумот. Според Њујорк Тајмс, и покрај тоа што многумина би сакале да ја задржат единствената валута, речиси четири петтини од германските гласачи се изјасниле дека сакаат Грција да ја напушти монетарната унија, без разлика што тоа може да предизвика негативни последици за Португалија, Шпанија па дури и за Италија.

Сепак би било погрешно да се збогуваме од еврото, смета авторот на натписот.
Од воведувањето на заедничката валута, работните трошоци на Германија се намалија за 15 проценти во споредба со другите земји каде се користи заедничката валута и 25 проценти во споредба со земјите кои се на периферијата. Ако еврото се замени со нова дојч марка, девизниот курс ќе скокне со цел да се санира разликата што би можело да го намали извозот преку кој се подржува растот на повеќе економии во изминатава деценија.

„За секое германско не на било каков предлог за сериозно решавање на проблемите, германската влада е свесна дека ќе мора да го отвори паричникот со цел да ја спаси единствената валута“, пишува весникот.

Минатата недела германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле побара од Грција брзо имплементирање на мерките за штедње.

„Но госпоѓа Меркел знае дека во крајна линија ќе мора да го гарантира спасот на Еврото, без разлика на тоа дали ќе бидат задоволени германските барања“, пишува Њујорк Тајмс.

Второ, трошоците за мерките за спас можеби веројатно се многу помали од предвидувањата на Германците, се вели во натписот и се дополнува:

„Трето, и веројатно најважно од сè е дека раскинувањето на еврото ќе ја чини Германија многу повеќе отколку обидите за спас на валутата.“

Како причина за ваквото тврдење се наведува фактот дека од тешката економска состојба во 2009 година, Германија денес всушност лесно се справува со кризата, имено, платите растат, а невработеноста се намалува повеќе отколку во било која друга индустрики развиена земја.

Според Њујорк Тајмс, ваквата поволна ситуација во Германија е поради еврото.

„Од воведувањето на заедничката валута, работните трошоци на Германија се намалија за 15 проценти во споредба со другите земји каде се користи заедничката валута и 25 проценти во споредба со земјите кои се на периферијата. Ако еврото се замени со нова дојч марка, девизниот курс ќе скокне со цел да се санира разликата што би можело да го намали извозот преку кој се подржува растот на повеќе економии во изминатава деценија“, пишува медиумот и дополнува:

„Германија посвети неколку милијарди евра за спас на валутата. Доколку сето тоа успее, земјата ќе се опорави од сето тоа по што може и повеќе да постигне.“
XS
SM
MD
LG