Достапни линкови

Турција не планира напад на Сирија


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турција нема да се откаже во намерата да и им го покаже местото на криминалните држави кои ја загубиле легитимноста пред народот, тие кои вршат државен терор врз својот народ и ја поставуваат под знак прашалник големината на Турција, изјави турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган. Неговата изјава следи по понеделничкиот коментар на сирискиот претседател Башар ал Асад дека неговата земја се наоѓа „во вистинска состојба на војна, во буквална смисла на зборот“. Ердоган рече дека Турција не планира напад. „Ние вложуваме големи напори за да го заштитиме мирот, да ја заштитиме слободата, да ја отстраниме секоја закана по Турција, по нејзиното единство и целост“ рече премиерот, додавајки дека Турција нема територијални аспирации кон ниту една држава.
XS
SM
MD
LG