Достапни линкови

Дивата бања Стрновац оставена сама на себе


Дива бања Стрновац во близина на Куманово.

Дива бања Стрновац во близина на Куманово.

Од двата базена, пред неколку години уредени и исчистени со средства донирани од печалбар во Германија, по ланското излевање на Пчиња, останале само два извора.

Иако сместен во прегратките на премногу издашната природа на самиот брег на реката Пчиња, геотермалниот извор познат како дива бања Стрновац во истоименото село, во козјачко-пчињскиот регион, оставен е самиот на себе и на несовесноста на посетителите и надлежните.
Пет-шест години доаѓам тука и по пет до десет денови седам тука и спијам во колата. Посигурно ми е така отколку да се малтретирам до селото каде што се изнајмуваат соби. Единствено што ноќе има многу врева од млади. Секоја ноќ доаѓаат по 60-70 луѓе. Тие доаѓаат во ноќен живот. Се капат обавезно и пијат пиво во овие ресторани тука.

Од двата базена, пред неколку години уредени и исчистени со средства донирани од печалбар во Германија, по излевањето на реката минатата година, останале само два извора кои наликуваат на од солзи поматени очи од кои извира само топлина. Ги нема тоалетите, гардероберите за пресоблекување на домашните и на странските бањски гости, а за волја на вистината ги нема ниту гостите. Тие се најбројни ноќе кога се капат, пијат во двата импровизирани ресторани и се забавуваат до раните утрински часови, раскажува еден од малкумината капачи.

„Пет-шест години доаѓам тука и по пет до десет денови седам тука и спијам во колата. Посигурно ми е така отколку да се малтретирам до селото каде што се изнајмуваат соби. Единствено што ноќе има многу врева од млади. Секоја ноќ доаѓаат по 60-70 луѓе. Тие доаѓаат во ноќен живот. Се капат обавезно и пијат пиво во овие ресторани тука“, вели Благоја Ѓорѓиоски, пезнионер од Скопје, постојано бркајќи ги мувите и другите инсекти кои се лепат за водата и за телото на човекот.
Доаѓам повеќе од десет години. Водата е добра. Патуваме секој ден. Се исплати, бидејќи немаме пари за море, а бањата во Бујановац е скапа за нас. Овде е бесплатно. Лекувам реума, ишијас.

Тој раскажува дека донаторот го посетил местото, разгледувал, но дали пак ќе донира средства за бањата да си го врати својот изглед засега е непознато.

Елмаз Дестани со сопругата и трите мали деца секој ден доаѓа од Прешево, јужна Србија.

„Доаѓам повеќе од десет години. Водата е добра. Патуваме секој ден. Се исплати, бидејќи немаме пари за море, а бањата во Бујановац е скапа за нас. Овде е бесплатно. Лекувам реума, ишијас“, вели Дестани и се сеќава:

„Порано беше само еден резервоар и кал, а кога беше изградено плаќавме по 30-40 денари. Кога ќе биде средено подобро е за сите нас и за децата.“

Кумановецот Бобан вели дека освен лековитоста на водата, во оваа дива бања глетката е жална.

„Во однос на минатата година е полошо. Самата природа го има ова направено со излевањето на Пчиња. Лековита е водата, ми помага за мускулите и цела година немам проблеми.“

Природата го создала овој лековит извор од кој извира вода со температура од околу 39 степени Целзиусови. Природата го уништи и она малку што безмалку еден човек го изгради. Неизвесно е дали надлежните во локалната самоуправа Старо Нагоричане и државата ќе преземат мерки да се регулира речното корито на Пчиња, а со тоа овој извор сега оставен самиот на себе да се уреди и да прерасне во бањски комплекс.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG