Достапни линкови

Од ѓомлезе не се живее, ама има ќеф


Ѓомлезијада 2012 во охридското село Скребатно.

Ѓомлезијада 2012 во охридското село Скребатно.

Четврта година по ред, општина Охрид ја организира манифестацијата Ѓомлезијада, овој пат во планинското село Скребатно.

Охридско-струшкиот крај, освен по пастрмката, е познат и по уште еден друг специјалитет, ѓомлезето. Се приготвува на истиот оној начин како и пред сто години, во истиот традиционален сад познат како сач под вршник на доста висока температура. Речиси е невозможно да дојдете во Охрид, а да не пробате од него. Може да го купите на пазар, од улични продавачи или, пак, да си порачате. Десетина семејства од охридско развиваат семеен бизнис преку производство и продажба на ѓомлезе. Но велат дека тешко се сврзува крај со крај ако единствен извор на егзистенција е само тоа. Снежана Грујоска девет години живее од овој бизнис
Задоволство е. Кога ќе сакам ќефот да си го направам, правам ѓомлезе. Ова е многу напорна работа. На вакво време е тешко, зимно пак ладно. Бара соодветни температури и соодветни простории. Не смее да се дозволи да се излади сачот.

„Да се живее не може, но ја вртиш парата колку да се опстани. Нема голем трошок, но е мачно многу.

РСЕ: Имате ли порачки?
Ѓомлезе.

Ѓомлезе.


„Јас да. Претежно ги има од Србија, кога има родендени и кога доаѓаат нашите од Австралија“, вели Снежана Грујоска од селото Косел.

Лиле Кароска од Косел вели дека се потребни околу 4 часа за добро ѓомлезе.

РСЕ: Колку се движи цена на една тепсија ѓомлезе?
Дојдовме во Охрид од Тетово. Видовме на телевизија дека овде се одржува натпревар Ѓомлезијада. Кога би живеел овде, секоја недела би доаѓал овде, многу е убаво. Кај нас не го викаме ѓомлезе, го викаме тури-потпечи. Гледам како се прави, па и велам на сопругата да ми зготви.

„Зависи од големината на тепсијата. Од 800 до 1000 денари, да има околу 60 убави парчиња. Ова е стара традиција, сме го научиле од мајки, баби, свекрви“, вели Кароска.

Не се само жените добри прозиводители на овој специјалитет. Има и многу мажи. Меѓу нив е Љупчо Стојаноски.

„Задоволство е. Кога ќе сакам ќефот да си го направам, правам ѓомлезе. Ова е многу напорна работа. На вакво време е тешко, зимно пак ладно. Бара соодветни температури и соодветни простории. Не смее да се дозволи да се излади сачот“, вели Стојаноски.

Четврта година по ред, општина Охрид ја организира манифестацијата Ѓомлезијада, на која се избира најубаво приготвено ѓомлезе. Годинава настанот се одржа во планинското село Скребатно. Гоце Симовски е од секторот за туризам во општина Охрид:

„Имаме можност да ја збогатиме нашата понуда и гостите да добијат нова содржина, а од друга страна самите жители од овој регион да сфатат дека можат да остварат дополнителен приход“, вели Симовски.

На годинашната Ѓомлезијада дојдоа голем број граѓани, но и домашни и странски туристи.

„Дојдовме во Охрид од Тетово. Видовме на телевизија дека овде се одржува натпревар Ѓомлезијада. Кога би живеел овде, секоја недела би доаѓал овде, многу е убаво. Кај нас не го викаме ѓомлезе, го викаме тури-потпечи. Гледам како се прави, па и велам на сопругата да ми зготви“, рече еден турист од Тетово.

А најдобрите во приготвување ѓомлезе си добија и вредни награди. Се изедоа педесетина тепсии од овој специјалитет.
XS
SM
MD
LG