Достапни линкови

logo-print

Русија реагира за законот „Магнитски“


Руски владин претставник испрати предупредување до Соединетите американски држави дека Русија ќе реагира доколку во САД се донесе закон со кој се ставаат на црната листа лицата кои на било кој начин биле поврзани со убиството на адвокатот Сергеј Магнитски во затвор. Заменик министерот за надворешни работи Сергеи Ријабков рече дека руската влада е изненадена од предлог законот со кој нема да им се издаваат американски визи на лицата поврзани со смртта на Магнитски. Адвокатот почина во 2009 година по 11 месеци во притвор, Тој беше уапсен по обвинувањето на руски државни службеници за корупција.
XS
SM
MD
LG