Достапни линкови

Македонската и Турската хокеарска федерација потпишаа меморандум


Македонската хокеарска федерација и Турската хокеарска федерација потпишаа Меморандум за соработка денеска. Договорот предвидува Македонската федерација да добива неколку нивоа на помош како и помош за изградба арена за хокеј на мраз и арена за „ин лајн хокеј“ или хокеј на ролерки. Според првичните планови арените ќе се градат во Општина Кисела Вода. „Аспирациите на Турција и Македонија не се само да бидат дел од овој спорт, туку да претставуваат и значеан фактор во хокејот на мраз, ќе се остварат преку еден концепт кој многу го има во развојот на било кој спорт. Овој концепт предвидува тип на соработка кој ги опфаќа вистинките спортски вредности, а тоа се вредностите на почитувањето, вистинска доверба и пријателство, како и вистински стремеж за спортски успех“ изјави Директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски.
XS
SM
MD
LG