Достапни линкови

Бомби во предградие на Багдад - 7 загинати


Багдад - архива

Багдад - архива

Најмалку 7 лица загинаа, а 20 се ранети како последица на две поставени бомби во близина на Багдад.
Ирачката полиција соопшти дека најпрвин имало експлозија кај куќа во предградие на Багдад, а втората бомба експлодирала кога на истото место се собрале луѓе.
Во изминативе две недели при вакви насилства во Ирак загинале над 180 луѓе. Најчеста цел се мнозинското население шиитски муслимани.
Во Ирак има и сунитски муслимани и курди.
XS
SM
MD
LG