Достапни линкови

logo-print

Европа да е солидарна,а Грција да ги почитува обврските


Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Хозе Мануел Баросо изјави дека членките на ЕУ мора да покажат солидарност и да бараат начини да и помогнат на Грција да го зајакне растот за да остане во еврозоната, јави МИА од Атина.
Како што јавуваат грчките медиуми, тој исто така истакна дека Грција треба да ги почитува своите обврски.
На прашањето зошто долго време не бил во официјална посета на Грција, Баросо рече дека „постојат проблеми во комуникацијата“ кои често искрснуваат меѓу земјите членки и Брисел, и кои често се резултат на „погрешно протолкувани пораки на Европа“.
Тој додаде дека јавноста во земјите членки често ги слуша гледиштата на политичките лидери од „крајната левица, центарот и крајната десница“ кои имаат усвоено „неодговорен став“ и целата вина за лошите вести за нивните земји ја префрлаат врз Брисел.
XS
SM
MD
LG