Достапни линкови

Брод кој пренесувал азиланти се преврте во Индискиот океан


Архивска фотографија- насукан брод на Божиќниот остров, 2010.

Архивска фотографија- насукан брод на Божиќниот остров, 2010.

Во индискиот океан се превртел брод кој пренесувал 150 луѓе кои сакале да побараат азил во Австралија. Бродот се превртел северно од австралиска територија во близина на Божиќниот остров. Австралиската служба за поморство соопшти дека трговските бродови кои биле во близина на бродот им помогнале на преживеаните, но дека се уште не може да се каже колку преживеани има. Две австралиски воени бродови и воени авиони ќе се приклучат во спасувачката мисија.
Минатиот четврток, 110 луѓе беа спасени кога брод кој превезуваат повеќе од 200 главно, авганистански азиланти се превртел во истата област. Австралија е честа дестинација за азиланти од Авганистан, Ирак, Шри Ланка и други сиромашни или разурнати од војна земји.
XS
SM
MD
LG