Достапни линкови

Асад: Сирија живее во вистинска воена состојба


Сирискиот претседател Башар ал-Асад изјави дека неговата земја е во воена состојба и оти владините сили се соочуваат и со борба со бунтовниците и со граѓански протести. Пред новиот владин кабинет тој рече дека Сирија живее во вистинска воена состојба од сите аспекти и оти „сите политики, сите страни и сите сектори треба да бидат насочени кон добивање на оваа војна“.
Тој го одби барањето од западот да се повлече од функцијата и рече дека Западот зема и никогаш не дава и оти тоа се покажало и досега. Неговото обраќање беше пренесувано во живо на сириската национална телевизија.
XS
SM
MD
LG