Достапни линкови

Путин изненаден од одлуката улица во Витлеем да го носи неговото име


Путин во посета на Витлеем.

Путин во посета на Витлеем.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека е изненаден од одлуката на палестинскиот претседател Махмуд Абас кој наредил една улица во Витлеем да се именува по Путин. Рускиот претседател изјави дека тоа било апсолутно неочекувано за него и признава дека е малку во загуба заради таа одлука, но дека сега веќе ништо не може да се стори по тоа прашање. Путин изјавата ја даде за време на посетата на Јордан каде ја заврши дводневната регионална турнеја, за време на која одржа разговори со водачите во Израел и на Палестина, како и со кралот Абдула Втори во Аман.
XS
SM
MD
LG