Достапни линкови

Пакистан: четворица милитанти загинале при напад на американско беспилотно летало


Најмалку четворица милитанти загинале во Пакистан при напад на американско беспилотно летало во северозападниот дел на земјата, соопштија пакистанските власти. Уште двајца милитанти се повредени при нападот во областа Шавал во Јужен Вазиристан, област која граничи со Авганистан. Областа се смета за центар на Талибанците и на Ал Каеда.
Нападите се случуваат и покрај барањата на Исламабад за да се запре со воздушните напади. Пакистан смета дека таквите напади го кршат суверенитетот на земјата. Цивилните жртви при таквите напади предизвика тензии меѓу Пакистан и САД.
XS
SM
MD
LG