Достапни линкови

logo-print

САД: Казна за руските функционери поврзани со смртта на Магнитски


Постер со рускиот адвокат Сергеј Магнитски .

Постер со рускиот адвокат Сергеј Магнитски .

Комитетот за надворешни работи на американскиот Сенат го одобри законот за казнување на руските функционери поврзани со смртта на рускиот адвокат Сергеј Магнитски кој почина во притвор во 2009 година.
Сенаторите едногласно го усвоија Актот за одговорност за смртта на Сергеј Магнитски со кој се воведува забрана за издавање американски визи и замрзнување на средства на руските службеници кои се вклучени во бруталното кршење на човековите права поврзани со случајот Магнитски. Овој случај стана симбол на проблемите со владеењето на правото во Русија. Се сметаше дека сенатскиот комитет најголема пречка за донесување на законот на кој се противат и Кремљ, но и администрацијата на американскиот претседател Барак Обама. Мерките мора да бидат усвоени од целиот Конгрес пред да бидат испратени на потпис кај претседателот Обама.
XS
SM
MD
LG