Достапни линкови

Биг Бен ќе се вика Кулата на Елизабет


Познатата лондонска саат-кула Биг Бен.

Познатата лондонска саат-кула Биг Бен.

Познатата лондонска саат-кула Биг Бен во иднина официјално ќе се вика Кулата на Елизабет, во чест на дијамантскиот јубилеј на кралицата Елизабет. Портпаролот на британскиот парламент изјави дека одлуката за преименување на часовникот ќе биде донесена на „соодветен начин во догледно време“. Една од најпознатите знаменитости во Лондон, 96-метарскиот часовник што е дел од зградата на британскиот парламент, официјално се нарекува Саат-кула, но е попознат како Биг Бен по огромното ѕвоно во кулата. Не е многу веројатно дека официјалното преименување ќе ја смени навиката на луѓето да го викаат часовникот Биг Бен.
XS
SM
MD
LG