Достапни линкови

Почина кралицата на холивудските комедии Нора Ефрон


Американската режисерка Нора Ефрон почина во болница во Њујорк. Таа ги донесе на екранот, хит комедиите „When Harry Met Sally", „Sleepless in Seattle" и „Julie & Julia“ .
Според медиумските извештаи, 71-годишната режисерка се борела со леукемија. Ефрон е родена на 19 мај 1941 година во Њујорк. Својата кариера ја започнала како новинар, за на крај да заврши како кралица на холивудските романтични комедии.
XS
SM
MD
LG