Достапни линкови

МНР и врачи протестна нота на грчката амбасадорка


Министерството за надворешни работи попладнево на грчката амбасадорка во Македонија Александра Пападополу и врачи протестна нота во врска со случајот со лепенките на новите регистарски таблички на возилата на македонските граѓани при влез во Грција. Од Министерството побараa веднаш да се прекине оваа, како што велат, нелегитимна пракса. Како што соопштија извори од институцијата, во нотата се посочува дека новите регистарски таблички се во согласност со стандардите на ЕУ и со меѓународно прифатените стандарди и дека поведението на Грција не е во согласност со обврските преземени со Времената спогодба. Од МНР појаснуваат дека ваквото поведение на грчките погранични органи е спротивно на Меморандумот за практични мерки од 1995 година кој се однесува на имплементацијата на Времената спогодба со кои се олеснува движењето на луѓе и стока.
XS
SM
MD
LG