Достапни линкови

Назначен нов министер за финансии во Грција


Грчката владеачка коалиција го назначи економистот Јанис Стуранас за нов министер за финансии. Стурнас е втор избор на коалицијата за функцијата, откако првопредложениот Василис Рапанос ја одби номинацијата поради здравствени проблеми. Педесет и пет годишниот Стурнарас беше дел од тимот кој своевремено преговараше за влезот на Грција во Еврозоната. Неговата номинација се случува додека грчката власт се обидува да преговара за олеснување на условите предвидени со договорите со странските кредитори, кои имаат за цел да го спречат можното излегување на задолжената земја од Еврозоната.
XS
SM
MD
LG