Достапни линкови

Прилепските крводарители бараат бесплатен забар


Црвен крст, Прилеп.

Црвен крст, Прилеп.

Крводарителите од Прилеп велат дека изминала една година откако го доставиле своето барање до општинската организација на Црвен Крст за да им се овозможи бесплатна здравствена заштита. Досега немаат одговор од надлежните.

Прилепчанецот Златко Димоски е долгогодишен крводарител. Досега 75 пати ја покажал својата хуманост и горд е на тоа. Несебично и со голем ентузијазам ќе продолжи и натаму да ја дарува најдрагоцената течност свесен дека некому, ќе помогне да биде поздрав, да остане во живот. Но, вели дека државата сепак треба да преземе мерки и да се најде начин да им ја олесни здравствената заштита на крводарителите. Особено во делот на стоматолошките услуги.
Најголемиот проблем на крводарителите е стоматологијата, која се наплаќа секаде. Крводарителите не се заштитени во тој дел. Али поголемите прегледи како магнетната резонанца, скенер, рентгенски, лабораториски испитувања тоа е се ослободено.

„Најголемиот проблем на крводарителите е стоматологијата, која се наплаќа секаде. Крводарителите не се заштитени во тој дел. Али поголемите прегледи како магнетната резонанца, скенер, рентгенски, лабораториски испитувања тоа е се ослободено“, истакнува Димоски.

И Блаже Конески смета дека стоматолошките услуги се прескапи за стандардот на крводарителите. Добро би било кога би се дошло до некоја солуција, за да се намалат овие трошоците.
Сме во постојан контакт и со Министерството и со Фондот за здравствено осигурување каде прават напори, овие хумани луѓе да имаат и едно признание од општествената заедница во вид на одредени бенефиции при лекување на нашето јавно здравство.

„Дваесет и девет пати имам дарувано крв, досега проблем немало, здравствена заштита немам користено многу досега, би требало да биде ослободено од плаќање на некои услуги од стоматологијата, приватна е сета, не оди ништо мислам како крводарител. Немам досега користено досега такви бенефиции, да бидам ослободен“, вели Конески.

Голем дел од евидентираните над 1000 крводарители во Прилеп се соочуваат со недостиг на финансии, невработеност, низок животен стандард. Па тие не се во можност да одвојуваат пари за квалитетна здравствена заштита која е преку потребна на овие хумани луѓе. Тие тврдат дека веќе една година изминала откако го доставиле своето барање до општинската организација на Црвен Крст за да им се овозможи бесплатна здравствена заштита, односно ослободување од партиципација и за стоматолошките услуги.

И од општинската организација на Црвен Крст, поддржувајќи ги барањата на крводарителите велат дека чекаат на одговор од надлежните.

„Сме во постојан контакт и со Министерството и со Фондот за здравствено осигурување каде прават напори, овие хумани луѓе да имаат и едно признание од општествената заедница во вид на одредени бенефиции при лекување на нашето јавно здравство“, истакнува Зоран Јованоски, претседател на прилепската организација на Црвен Крст.

Тој додава дека во текот на минатата година е натфрлен планот и собрани се преку 2800 крвни единици, во бројни крводарителски акции. Поради хуманоста на овие луѓе во Прилеп, речиси никогаш нема недостиг на крв од одредени крвни групи.
  • 16x9 Image

    Моника Талеска

    Моника Талеска е дипломиран новинар на Интердисциплинарните студии по новинарство во Скопје. Од 2001-та година е дописник на Радио Слободна Европа. Освен тоа, постојан дописник е и на телевизија Телма. Работела како новинар, главен уредник и директор во поранешниот локален Центар за печат, радио и телевизија- Прилеп. 

XS
SM
MD
LG