Достапни линкови

Лепенките ФИРОМ биле договорени од двете страни


Лепенките со ознаката ФИРОМ што грчките власти им ги издаваат на македонските граѓани кои ја минуваат границата се дел од спроведувањето на практичните мерки што двете земји ги договорија и ги потпишаа пред 17 години, изјави денеска грчкиот амбасадор во Македонија Александра Пападопулу. Таа ги квалификува како контрапродуктивни и неосновани, без легална и политичка основа, реакциите во јавноста изминатите неколку дена. „Издавањето на лепенките не е нешто што ние го спроведуваме унилатерално. Тоа е дел од практичните мерки договорени и потпишани од двете страни. Овие практични мерки предвидуваат грчките власти да стават лепенки на задното стакло од возилата на кои пишува Грција ја признава земјата како ФИРОМ. Ова не е нова пракса, таа се спроведува изминативе години за камионите кои ја имаат ознаката МК, но сега е проширена на приватните автомобили“ рече Пападополу.
XS
SM
MD
LG