Достапни линкови

Одложено сослушувањето на Тимошенко


Судот во Киев го одложи разгледувањето на жалбата за седумгодишната затворска казна на екс-перемиерот Јулија Тимошенко за 12 јули. Судијата го одобри барањето на обвинителството за медицински преглед на затвореничката со цел да се утврди дали Тимошенко е во состојба да го следи сослушувањето. Екс-премиерот не се појави на вчерашното судење поради здравствени проблеми. Одлуката на судот значи дека сослушувањето на опозиционерката ќе се случи по завршувањето на европското првенство во фудбал „Еуро 2012“ кое се одвива во Украина и Полска.
XS
SM
MD
LG