Достапни линкови

Сали има, плати за вработените нема


Спортска сала.
Спортска сала.

Вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти девет години не земале плата. Претпријатието е формирано од владата во 2000 година, тогаш имало околу двеста вработени, сега се само 23.

Спортски сали се изградија, но вработените кои треба да ги одржуваат девет години не земале плата, а не им се платени ни придонеси. Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти е формирано од владата во 2000 година и тогаш имало околу двеста вработени, сега се само 23.
Како кој директор доаѓа сите имаат кривични пријави добиено и како ова претпријатие продолжува со работа така продолжуваат да се таложат и таложат долгови и така девет години. Има луѓе што се болни, а не можат ни на лекар да отидат, има луѓе што на операции одат и од џеб си плаќаат, а вработени се, всушност не знам во која категорија да ги сместам, ова е неверојатна работа.
Делчо Решковски, Синдикат на вработените во Јавното претпријатие за стопанисување со спортски објекти.

Пред три месеци тие го загубиле трпението и започнале мирен штрајк. Одат на работно место, но не ги извршуваат нивните задачи. Претседателот на синдикатот Делчо Решковски вели дека досега се смениле седум директори и ниту еден немал слух за тешката состојба на вработените.

„Како кој директор доаѓа сите имаат кривични пријави добиено и како ова претпријатие продолжува со работа така продолжуваат да се таложат и таложат долгови и така девет години. Има луѓе што се болни, а не можат ни на лекар да отидат, има луѓе што на операции одат и од џеб си плаќаат, а вработени се, всушност не знам во која категорија да ги сместам, ова е неверојатна работа.“
Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нова спортска сала.
Премиерот Никола Груевски пушта во употреба нова спортска сала.

Не им излегол во пресрет ниту претседателот на управниот одбор, но вината Решковски ја лоцира најмногу кај владата, која ги поставила тие луѓе на челните позиции, иако претпријатието треба само да се финансира.
Без разлика дали сопственик е државата, дали владата или било кој, правата од работниот однос се еднакви за сите, па според тоа работодавачот е должен да дава плати и да исплаќа придонеси за сите вработени во неговата компанија.
Драги Јовановски, експерт по трудово право.

„Сите се неми и креваат рака од нас. На почетокот ни ветуваат нешто. Нивна е обврската да го решат случајот, нема кој друг, немаме ние каде на друго место да се обратиме. Формирани сме од Влада на Република Македонија и единствен кој што може да го реши овој наш проблем е Владата.“

Експертот по трудово право, Драги Јовановски вели дека вработените треба да покренат судска постапка за исплата на платите и да ги достават нивните барања до основачот на претпријатието.

„Без разлика дали сопственик е државата, дали владата или било кој, правата од работниот однос се еднакви за сите, па според тоа работодавачот е должен да дава плати и да исплаќа придонеси за сите вработени во неговата компанија. Значи законот не прави никаква отстапка, а особено за јавните претпријатија каде основач е државата директно или индиректно, нејзе и стои обврската да ги дава сите тие давачки.“

Решковски најави дека доколку и натаму не бидат преземени мерки за решавање на нивната ситуација, вработените со нивните семејства ќе штрајкуваат пред владата. Првите луѓе на претпријатието останаа неми и на нашите напори. В.Д директорот Беќир Сакипи беше недостапен на неговиот мобилен телефон, а претседателот на Управниот одбор Илија Ристески не ни одговори на повикот.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG