Достапни линкови

logo-print

Претседателот на Романија против премиерот на суд


Трајан Басеску

Трајан Басеску

Десно ориентираниот претседател на Романија Трајан Басеску побара од Уставниот суд да оцени дали неговиот левичарски ривал, премиерот Виктор Понта треба да присуствува на самитите на Европската унија. „Претседателот побара од Судот да пресуди во конфликтот меѓу него и премиерот“ изјави претставник на Уставниот суд и додаде дека судската седница е закажана за во среда, еден ден пред почетокот на самитот на ЕУ во Брисел. Премиерот потврди дека е во конфликт со Басеску.
XS
SM
MD
LG