Достапни линкови

Европското ембарго за иранска нафта ќе стапи во сила в недела


Европската унија соопшти дека ембаргото за иранската сурова нафта ќе стапи во сила в недела, на први јули. Министрите за надворешни работи од земјите членки на Унијата изјавија дека сите договори за иранска нафта ќе бидат поништени од тој ден. На европските компании исто така нема да им биде дозволено да продаваат осигурителни полиси за иранската суровина. Пред забраната, увозот на иранска нафта во Унијата изнесуваше 14 проценти од вкупниот увоз. Одлуката е донесена поради сомненија на меѓународната заедница за иранската нуклеарна програма, за која се верува дека може да произведе нуклеарно оружје.
XS
SM
MD
LG