Достапни линкови

logo-print

Новоназначениот грчки министер за финансии се повлече


Назначениот грчки министер за финансии Василис Рапанос ја одбил номинацијата за министерската функција, додека се опоравува во болница, соопштија од кабинетиот на грчкиот премиер. Рапанос, кој е гувернер на Националната банка на Грција, беше назначен за министер за финансии неделава, по формирањето на коалициска влада во Грција. Тој беше хоспитализиран пред неговата инаугурација во петокот, поради тегоби во стомакот проследени со вртоглавица. Болнички извори потврдија дека медицинскиот третман на Рапанос заврува утре, но за сега нема дополнителни информации околу неговата здравствена состојба.
XS
SM
MD
LG