Достапни линкови

Милитанти убиле 13 војници во Пакистан


Милитанти од Авганистан убиле 13 пакистански војници, од кои седуммина биле обезглавени, соопштија пакистанските власти. Претставници на војската изјавија дека стотина милитанти влегле во земјата од соседен Авганистан, преминувајки ја границата во северниот регион Дир, по што се судриле со пакистанските безбедносни сили кои биле на патрола. Шестмина војници веднаш биле убиени додека седуммина биле убиени па обезглавени. Четворица војници се уште се водат за исчезнати. За сега нема независна потврда на ваквите информации.
XS
SM
MD
LG