Достапни линкови

logo-print

Самарас пуштен од болница по операција на окото


Грчкиот премиер Антонис Самарас беше пуштен од болница денеска по операција на окото, поради која не може да патува на европски самит неделава. Грција најави обид за олеснување на договорот за спас на економијата со ЕУ и ММФ. Докторите на Самарас му забранија да патува а поради здравствени проблеми на самитот во Брисел нема да присуствува ни министерот за финансии Василис Рапанос. Во меѓувреме, германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервел денескам во Луксембург изјави дека не може да се дозволи преговарање за веќе договореното. „ Не можеме да прифатиме и да се прават отстапки. Токму спротивното. Важи се што е досега договорено“ рече Вестервел.
XS
SM
MD
LG