Достапни линкови

logo-print

Одложено судењето на Тимошенко


Судењето на поранешниот украински премиер Јулија Тимошенко е одложено до средината на јули. Судот исто така нареди медицински тим да ја прегледа опозиционерката со цел да се утврди дали е способна да го следи судењето. Станува збор за нов судски процес против екс-премиерката, која веќе отслужува седумгодипна затворска казна поради злоупотреба на службената должност. Овој пат Тимошенко се товари за проневера на данок во 90-тите години, кога беше директор на приватна енергетска компанија.
XS
SM
MD
LG