Достапни линкови

logo-print

Саудиска Арабија дозволи жени да учествуваат на Олимписките игри


Саудиска Арабија најави дека за прв пат ќе им се дозволи на жените спортисти од земјата да учествуваат на Олимписките игри. Соопштението пристигна од амбасадата на Саудиска Арабија во Лондон, еден месец пред официјалниот почеток на Летните олимписки игри. Медиумите јавуваат дека само една спортистка веројатно ќе успее да се квалификува. Одлуката следи по критиките од организациите за човекови права кои од Меѓународниот олимписки комитет побараа забрана за учеството на Саудиска Арабија на Олимпијадата, поради тоа што на жените не им било дозволено да се натпреваруваат.
XS
SM
MD
LG