Достапни линкови

logo-print

Вестервел: Грција да ги исполни обврските


Земјите кои добија финансиска помош од Европската унија треба да ги исполнат своите обврски, изјави германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервел во однос на евентуалното ублажување на економските реформи во Грција. Новата грчка Влада, предводена од конзервативците се залага за значителни промени во условите на планот за спас, договорени со меѓународните кредитори. „Едно нешто е јасно. Не можеме да дозволиме за се да се преговара. Не можеме да прифатиме и да се прават отстапки. Токму спротивното. Важи се што е досега договорено“ изјави министерот пред редовната средба на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
XS
SM
MD
LG