Достапни линкови

logo-print

Украинците добри домаќини, полицијата коректна


Киев

Киев


Директорот на украинскиот дел од Европското првенство во фудбал, Маркијан Лубкивски на денешната прес конференција во Киев изјави дека досега на шампионатот се било перфектно и без никакви проблеми.
"Досега, немавме ниеден инцидент, ниедна конфликтна ситуација. Украинските навивачи и украинците во целост, се презентираа како гостопримлива нација, отворена за светот. Тоа можеби беше најголемото изненадување на овој турнир", изјави Лубкивски. Тој нагласи дека фан клубот во Киев ги надминал сите очекувања, бидејки го посетиле над 1 милион и 200 илјади луѓе.

Во врска со украинската полиција, Лубкивски истакна: "Таа е фантастична. Јас не можев да верувам дека тоа е таа истата полиција од пред ЕП. Се надевам дека сите тие позитивни атрибути што ќе стекнаа за време на шампионатот, ќе ги задржат и по завршувањето. Украинската полиција се однесуваше многу пријателски спрема сите фанови и затоа имаме само пофалби за нив".

Во Киев остана да се одигра уште финалниот натпревар, на први јули. Претходно, во среда за пласман во финалето ќе играат Португалија и Шпанија во Доњецк, а Германија и Италија во Варшава.
XS
SM
MD
LG