Достапни линкови

Намален кредитниот рејтинг на Кипар


Меѓународната рејтинг агенција „Фич“ го намали кредитниот рејтинг на Кипар за еден степен од „БББ-“ на „ББ+“ со негативна перспектива, што значи дека е можно ново намалување во следните месеци. Одлуката е донесена поради зголемувањето на средствата потребни за спас на кипарските банки, јавуваат медиумите. Се очекува земјата да побара надворешна помош за спас на банкарскиот сектор или од земјите од еврозоната или од Русија. Банките се големи сопственици на грчки државни обврзници, чија вредност во голем дел беше отпишана минатата година. Во соопштението „Фич“ наведува дека оценките на загубите и капиталните потреби на кипарските банки се предмет на значајна несигурност.
XS
SM
MD
LG