Достапни линкови

Попоски: Македонија од Грција не очекува провокации


Никакви гестови кои се провокација и кои не можат да придонесат за подобрување на односите меѓу двете земји не се добредојдени, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски. Македонија од Грција очекува добра волја, приближување и стимулирање добри односи, а не провокации, рече рече министерот во врска со грчкото барање македонските туристи кои ја минуваат границата да лепат ознаки ФИРОМ на регистарските таблички. „ Каква било практика која е надвор од правно пропишаните норми претставува само сигнал за непосветеност на надминување на какви било билатерални прашања“ дополни Попоски.
XS
SM
MD
LG