Достапни линкови

logo-print

Најкоментирани невработеноста и младите


Новиот закон за вработување, онлајн колумната за задоцнетата младина и прилогот за прилепчанецот повратник од Австралија се најкоментирани текстови на нашата интернет страница.

Во врска со новиот закон за вработување предложен од владата, слушател потпишан со Орце Николов од град Драма порачува да се отпуштеле сите оние без соодветно образование во институциите, зашто, пишува, „ако владата бара да завршуваме високо образование, тогаш треба да ни наоѓа работа и според степенот на образованието“, а Синапса вели: „Деградација невидена! Прво создаваат вештачки услови на таканаречено образование, каде печатат дипломи, а нема предвидено работа за таа бројка дипломци при што само се полни бирото за вработување. Подобро е да привлечат странски капитал, да отворат можности за влез на фирми каде што овие дипломци утре ќе можат да се вработат. Каде, по ѓаволите, сум се родила и каде живеам?“, прашува Синапса.
Деградација невидена! Прво создаваат вештачки услови на таканаречено образование, каде печатат дипломи, а нема предвидено работа за таа бројка дипломци при што само се полни бирото за вработување.

Илир од Кичево пишува: „Главно нашиот славен Али Ахмети е вработен во Собранието на РМ и зема плата. Плус, уста не отвора за ништо. Сака да делува дека е паметен дечко. Да, тој е паметен, кога спие на грчи, и со тоа ништо не му пречи, во сон, на Никола Груевски“, ја завршува пораката Илир.

Дали младината ни е задоцнета, како што смета Антоанета Иванова, коосновач на невладината Младинфо. И, богами нејзиниот текст во младинската он-лајн колумна на Радио Слободна Европа предизвикал повеќе коментари од посетителите на нашата веб-страна. Ина од Салцбург и ' порачува дека треба да биде малку пореална. За жал разни пречки, како недоволно средства, врски, партиски книшки и сл. секојдневно ни се испречуваат на патот. А требаат и средства за да вложиш во себе, пишува Ина: „со мојата мајка текстилец и татко стечаец, и уште две сестри и тоа колку сме будни... Се мислиме секој ден струја и вода како ќе платиме.“ Јоцо од Софија додава дека според неговото искуство родителите и професорите биле тие што ги успивале младите уште од најмала возраст, а медиумите ги дотепувале.

Нашиот прилог за прилепчанецот Цане Костадиноски, кој од Австралија дошол и почнал бизнис во родниот град, но незадоволен, планира повторно да се враќа преку Океанот, предизвикал неколкумина слушатели да ја коментираат постапката на прилепчанецот: Петко му порачува да не ги генерализира работите поради својот неуспех. Зоран, од Сиднеј прашува да не сака случајно Цане да биде политичар во Македонија, наместо да ужива со спечалените пари во Австралија. Па потсетува дека бизнис климата во цел свет е неповолна во моментот и вели: „Ајде една лозова и без секирации, каде и да си, пак си дома.“
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG