Достапни линкови

Делегација на АРМ во посета на вооружените сили на Албанија


Генерал-мајор Горанчо Котески

Генерал-мајор Горанчо Котески

Делегација на Армијата на Република Македонија предводена од началникот на Генералштабот, генерал-мајор Горанчо Котески од денеска претстојува во дводневна официјална посета на Вооружените сили на Република Албанија.
На средбата со началникот на ГШ, генерал-мајор Џемал Ѓункши се очекува да се разговара за меѓуармиската соработка, придонесот во рамки на регионалните проекти во духот на ,,Smart Defence“ концептот на НАТО.
За време на престојот во Тирана, генералот Котески ќе оствари средба и со албанскиот министер за одбрана Арбен Имами, а ќе ја посети и командата на специјалните сили на албанските вооружени сили.
.
XS
SM
MD
LG