Достапни линкови

Египет доби претседател - цивил


Светските лидери го поздравија изборот на лидерот на Муслиманското братство за претседател на Египет. Мохамед Морси, првиот претседател по падот на Хосни Мубарак, пак, вети почитување на меѓународните обврски и еднаков однос кон сите Египќани.

„Ви приоѓам денеска, благодарение на господ и вашата волја, како претседател на сите Египќани. И сите Египѓани ќе ги третирам еднакво и со почит.“

Ова е пораката до Египќаните, муслимани и христијани, од нивниот нов претседател Мохамед Морси, лидерот на Муслиманското братство. Тој, исто така, рече дека револуцијата продолжува додека сите нејзините барања не се исполнат и вети дека Египет ќе ги почитува сите постојни меѓународни договори.
Ќе ги почитуваме договорите и меѓународното право и обврските на Египет кон светот. Ќе работиме на воспоставување на граѓански идентитет, на почитување на човековите права, на правата на жените и на семејствата, како и на децата и ќе се бориме против дискриминацијата.


„Ќе ги почитуваме договорите и меѓународното право и обврските на Египет кон светот. Ќе работиме врз воспоставување граѓански идентитет, врз почитување на човековите права, правата на жените и семејствата, како и на децата и ќе се бориме против дискриминацијата.“

Честитки до Морси

По оваа негова изјава, светските лидери испратија честитки. Во соопштението од Белата куќа се вели дека египетската влада мора да продолжи да ја исполнува улогата на столб на регионалниот мир, безбедност и стабилност.

Израел соопшти дека го „почитува демократскиот процес во Египет и го почитува исходот од изборите“. Во соопштението од Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се наведува и дека Израел очекува континуирана соработка со египетските служби, врз основа на мировниот договор меѓу двете земји.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг ја нарече победата на Морси за „историски момент за Египет“ и го повика новоизбраниот претседател да работи врз градењето подобри врски во египетското општество и врз почитување на човековите права.

Министерство за надворешни работи на Иран му честиташе на египетскиот народ за победата на исламистичкиот кандидат.
Плоштадот Тахрир во Каиро - подржувачите на Морси

Плоштадот Тахрир во Каиро - подржувачите на Морси


Кој е Морси и кои се најголемите предизвици

Мохамед Морси, професор по градежништво, е првиот цивил, претседател во историјата на Египет. Неговите четири претходници по превратот во 1952 година беа воени генерали.

Морси сега треба да го најде начинот за да ја обедини земјата по тешките избори и да соработува со генералите кои го водат Египет 16 месеци по остранувањето на Хосни Мубарак. Имено, воените власти ја презедоа власта откако Врховниот суд го распушти парламентот и ја одземаа моќта да се наименуваат членови на комисија кои ќе го напишат новиот устав на земјата по Хосни Мубарак.

Нов датум за избори нема, а војската донесе одлука дека претседателот ќе нема право да ги менува членовите на Воениот совет.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG