Достапни линкови

Новиот египетски претседател ќе ги почитува сите меѓународни договори


Прослава на изборната победа на новиот египетски претседател Мохамед Морси на плоштадот Тахрир во Каиро.

Прослава на изборната победа на новиот египетски претседател Мохамед Морси на плоштадот Тахрир во Каиро.

Мохамед Морси, лидерот на Муслиманското братство кој е избран за претседател на Египет, изјави дека тој ќе биде лидер на целата земја и претседател на сите Египќани. Тој исто така рече дека револуцијата продолжува додека сите нејзините барања не се исполнат и вети дека Египет ќе ги почитува сите постојни меѓународни договори.

По објавата дека Морси победи на претседателските избори во Египет, светските лидери испратија честитки. Во соопштението од Белата куќа се вели дека египетската влада мора да продолжи да ја исполнува улогата на столб на регионалниот мир, безбедност и стабилност.

Израел соопшти дека го „почитува демократскиот процес во Египет и го почитува исходот од изборите“. Во соопштението од Канцеларијата на премиерот Бенјамин Нетанјаху се наведува и дека Израел очекува континуирана соработка со египетските служби, врз основа на мировниот договор меѓу двете земји.

Британскиот секретар за надворешни работи Вилијам Хејг ја нарече победата на Морси за победата „историски момент за Египет“ и го повика новоизбраниот претседател да работи на градењето на подобри врски во египетското општество и на почитување на човековите права.

Министерство за надворешни работи на Иран му честиташе на египетскиот народ за победата на исламистичкиот кандидат.
XS
SM
MD
LG