Достапни линкови

САД загрижени поради уривањето турски воен авион од сириските сили


Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон.

Американската државна секретарка Хилари Клинтон ја осуди Сирија поради уривањето турски борбен авион во Медитеранот. Клинтон го нарече нападот „безобразен и неприфатлив“ и рече дека тоа е уште еден одраз на сириските власти кои не ги почитуваат меѓународните норми, човечкиот живот и мирот и безбедноста. Таа изјави дека разговарала со турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу и му ја пренела сериозната загриженост на САД за инцидентот.

Давутоглу изјави дека сириските сили собориле турски воен авион во меѓународниот воздушен простор, откако накратко авионот заскитал во сирискиот воздушен простор.

Амбасадорите на НАТО утре ќе разговараат за ова прашање.

Односите меѓу Турција и Сирија претходно беа нарушени откако Турција отоврено го осуди режимот на сирискиот претседател Башар ал-Асад за крвавата пресметка со противниците.
XS
SM
MD
LG