Достапни линкови

Бомбашки напад во Кенија


Илустрација: Кениска полиција.

Илустрација: Кениска полиција.

Најмалку еден човек загинал, а тројца се тешко ранети во пристаништниот град Момбаса во Кенија, кога во кафулето во кое гледале фудбал била фрлена бомба, јави тамошната полиција. Експлозијата се случи еден ден откако американската амбасада во Кенија предупреди за можни напади, затоа што полицијата во Кенија уапси двајца Иранци под сомнеж дека планирале бомбашки напади. Момбаса е популарна дестинација за одмор за Кенијците како и за туристи од странство и во неколку наврати е мета на експлозии откако Кенија испрати војници во Сомалија во октомври да ги разбијат исламските милитанти.
XS
SM
MD
LG