Достапни линкови

Тунискиот претседател против екстрадиција на поранешниот либиски премиер


Тунискиот претседател Монцеф Марзуки.

Тунискиот претседател Монцеф Марзуки.

Тунискиот претседател Монцеф Марзуки смета дека е нелегална постапката на туниската влада која го екстрадираше поранешниот либиски премиер за време на режимот на Гадафи, Багдади ал-Махмуди. Во соопштението од кабинетот на Марзуки се вели дека владата на премиерот Хамади Џебали ја донела одлуката за екстрадиција без консултации со претседателот. Ал-Махмуди беше премиер на Либија до крајот на режимот на Гадафи. Тој беше уапсен во септември минатата година за нелегален влез во Тунис во обид да стигне до Алжир каде што беа избегани членови на семејството на Гадафи. Либија одамна побара негова екстрадиција.
XS
SM
MD
LG