Достапни линкови

Италија е последниот полуфиналист


Архивска фотографија: Мечот Италија-Ирска на 18 јуни.
Архивска фотографија: Мечот Италија-Ирска на 18 јуни.
Италија синоќа ја победи Англија со 4-2 на пенали во четвртфиналето на ЕП во фудбал, откако мечот и по продолженијата заврши без голови. Во полуфиналето, Италија ќе игра со Германија која во четвртфиналниот меч ја елиминираше Грција со 4:2. Во вториот полуфинален меч се среќаваат Шпанија и Португалија. Шпанија во четвртфиналето ја победи Франција со 2:0, а Португалија беше поуспешна од Чешка со 1:0.
XS
SM
MD
LG