Достапни линкови

Груевски очекува убедлива победа на локалните избори


Очекувам убедлива победа на локалните избори - опозициската СДСМ е свесна за тоа и затоа уште сега кажуваат дека нема да им биде репер бројот на градоначалници што ќе го освојат тие и ние, туку советниците и учеството во општинските совети, изјави премиерот Никола Груевски. Тоа, според него, значи дека СДСМ знаат дека убедливо ќе изгубат. „Индиректно, несвесно, потсвесно, ... јавно кажуваат дека на следните избори не очекуваат победа бидејќи не знам како не може да им биде важно колку градоначалници ќе имаат на следните локални избори“ рече Груевски. „ Ако зборуваме за локални избори, а градоначалниците не им се репер, тогаш нешто или не е во ред со нив или ние не ги арзбираме добро работите“ дополни премиерот.
XS
SM
MD
LG