Достапни линкови

Власта контра опозицијата за земјоделците


Граѓаните немаа потреба да чујат колку оваа власт е лоша, тие сами зборуваа за лошите резултати од оваа погубна политика, рече на денешните средби со граѓаните на Кумананово, Радмила Шеќеринска од СДСМ. „Чувме за земјоделци - чувме од земјоделци кои никако да дојдат до субвенции, веќе се откажале да ги бараат. Чувме од работници и млади кои никако да дојдат до работни места. Чувме за многу луѓе кои што денеска живеат полошо, посиромашно и поуплашено отколку било кога во својот живот“ рече Шеќеринска. Од владеачката партија реагираат: Радмила Шекеринска беше потпретседател на владата на СДСМ во период кога најмалку пари се издвојуваа за поддршка на македонските земјоделци. Во писмената реакција се наведува и дека од превземањето на одговорноста за управување со државата, од 2006-та година до сега Владата на ВМРО-ДПМНЕ за земјоделците предвиде и исплати некаде околу 500 милиони евра.
XS
SM
MD
LG