Достапни линкови

Мухамад Морси е нов претседател на Египет


Египетската изборна комисија го прогласи Мухамад Морси, кандидатот на Муслиманското братство, за новп ретседател на земјата. Според комисијата, Морси освоил 51,7 отсто од гласовите на првите претседателски избори кои се одржаа по отстапувањето на Хосни Мубарак од лидерската позиција. Неговиот противкандидат Ахмед Шафик, кој во претходниот владен состав беше на премиерската функција, добил 48,3 проценти од гласовите. Подржувачи напартијата Муслиманско братство ја слават изборната победа на новиот претседател во центарот на Каиро.
XS
SM
MD
LG