Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - само чудо може да ја спаси економијата


Посети на милијардери како покритие за неуспешните роуд шоуа на премиерот, повторните ветувања за гасификација на Македонија и лошата состојба со економијата, теми за кои пишуваа неделниците.

„Македонија троши по еден милијардер на секои шест месеци“. Овој наслов е доволно загатлив да биде внесен во прегледот на неделниот печат: сите трошат или не трошат милијарди, а ние - милијаредери. Елем, статијата е во најновото он-лајн издание на Глобус, која се осврнува на посетите на разноразни белосветски милијардери, кои, како што пишува неделникот, како дводневни туристи ја посетуваат земјава.
Средба на премиерот Никола Груевски со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим

Средба на премиерот Никола Груевски со мексиканскиот телекомуникациски магнат Карлос Слим


Глобус - посетите на милијардери покритие за неуспешните роуд турнеи на премиерот
Зошто сега Груевски да не се обиде да ни ја продава истата бајка? Ако можеше досега да ја гасифицира земјава барем 3-4 пати, зошто не би му успеало и петтото ветување?!.

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Москва.

Владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски на бизнис форум во Москва.

Па почнува од последната, на индискиот милијардер Субрата Рој, потоа априлската посета на Мексиканецот Карлос Слим, па октомвриската на емирот на Катар, Шеик Хамад бин Калифа Ал Тани. Овие посети, поентира Глобус, се користат за да се покријат тоталните неуспеси на роуд турнеите на премиерот низ светот, едноставно, како заматување на водата во ера на економски неуспеси на сите страни, со ефект на искривено огледало да го одвратат вниманието со помош на други настани, кои божем треба да потврдат дека имаме „топ“ влада како што вообичаено ни се соопштува, која успева да одолее на светската криза! „Кај може Заев со Путин?!“

Фокус - ветувања за гасификација по кој знае кој пат

Некако на истата линија е текстот во „Меѓу нас речено“ во најновиот Фокус. Ќе ги гасифицираме општините што ќе гласаат за нас, порача Бранко од еден од митинзите. Зошто да не? Ако може Заев во Струмица, ќе можат и другите градоначалници на СДСМ. Но Груевски не би бил она што е, ако не смисли контраигра. И, да, брзо му текна. Појде во Москва и со Путин реши да ја гасифицира цела Македонија. Зошто да не? - прашува Фокус. Што друго, после решеното прашање на рускиот долг кон Македонија од страна на неуморниот Ставрески? И самиот, бездруго, не знае, колку пати досега го реши проблемот. Зошто сега Груевски да не се обиде да ни ја продава истата бајка? Ако можеше досега да ја гасифицира земјава барем 3-4 пати, зошто не би му успеало и петтото ветување?!

Капитал - Само чудо може да ја спаси економијата

А уводничарот во неделниот Капитал вели: „Само чудо може да ја спаси економијата“ па дава и рецепт за тоа „чудо“ во кое се чини ни самиот не верува. Главното прашање треба да биде како да се оствари повисок економски раст, односно како економијата и компаниите да почнат да прават повеќе приходи. И трошењето и штедењето мораат да бидат во функција на оваа цел. Да се троши може, пишува Капитал, но само ако тие трошења поттикнат повисок економски раст. Да се штеди може, ама само кај оние непродуктивни трошења кои не користат баш никому. Изгледа разумно, но за жал, политиките во Македонија, барем досега најмалку се носеа со разум. Чудото што треба да се случи е околу економската иднина на земјава, за него треба да се обединат и власта, и опозицијата, и компаниите, порачува Капитал. Тоа би било чудо.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG