Достапни линкови

Тимошенко нема да оди на суд во понеделник


Екс-премиерот на Украина Јулија Тимошенко нема да се појави на суд во понеделник, по основ на нови обвиненија за даночно затајување. Од затворот, каде Тимошенко ја отслужува седумгодишната казна поради злоупотреба на службената должност, велат дека поранешната лидерка побарала да не оди на сослушувањето во Харкив. Докторскиот тим кој се грижи за екс-премиерот вели дека поради болки во грбот Тимошенко не може да се движи.
XS
SM
MD
LG