Достапни линкови

Харадинај патува за Хаг


Лидерот на партијата Алијаса за иднината на Косово и поранешен косовски премиер, Рамуш Харадинај повторно се врати во Хаг. Како што пренесуваат косовските медиуми, повикувајќи се на извори од партијата, причина за неговото патување се закажаните последни рочишта од судскиот процес против политичарот и двајца поранешни припадници на ОВК, на кои одбраната и обвинителството ги имаат завршните зборови. Судот до крајот на август или почетокот на септември треба да ја донесе конечната одлука.
XS
SM
MD
LG